ДПТУ АНГРОВАРДАР ТОДОР ДООЕЛ ВЕЛЕС e фирма за производство на дрвена амбалажа: палети, кошеви за земјоделски производи, сандаци
за транспорт, подметачи, како и енергетски брикети и секаков вид на производи од дрво по барање на купувачите.
Развојот на друштвото започнува во 1990 година кога е формирано со приватен капитал на сопственикот Тодор Маџаров кој
во едно и управува со него. Обезбедувајќи сопствени средства во 1994 година фирмата ја проширува дејноста во производство,
специјализирајќи се во изработка на дрвена амбалажа.
Денес АНГРОВАРДАР располага со голем производен капацитет. Ги задоволуваме барањата на пазарот со годишно производство
од 150.000 броја на разни видови палети. Бројот на вработени се движи од 15 до 20 обучени работници.
Следејќи ги глобалните промени кои настануваат во меѓународното работење и Европските стандарди, за да можеме да им
излеземе во пресрет на нашите купувачи инвестиравме во опрема за термички третман на дрвото. Денес го имаме сертификатот
за термички третман на дрвото по Меѓународен стандард за фитосанитарни мерки ISPM 15 (FAO, 2002). Со овој сертификат секоја
наша палета може слободно да се движи надвор од границите на Република Македонија.
Започнавме и со производство на брикети кои според резултатите од анализите се со екстра квалитетна класа.
Брикетот претставува еколошки енергетски производ, ги задоволува стандардните барања и може да се користи како огревен материјал.
Тие што веќе соработуваат со нас во земјата и пошироко, се свесни дека сме во потполност посветени во водење на бизнисот
со највисоки вредности и стандарди на квалитет, интегритет, перфекционизам како и почитување на законите, културата, начинот
на живот во и надвор од земјата.
Преку постојано задоволување на барањата на купувачите нудејќи им производи согласно прифатените барања за квалитет,
преку соработка со добавувачите и купувачите која придонесува за корист на сите страни, со мотивирачка работа на своите
вработени, станавме водечка компанија за производство на палети од дрво на Македонскиот пазар.
Определба на АНГРОВАРДАР е одржување на лидерската позиција на пазарот во Македонија, и нејзино проширување надвор од
нејзините граници.
|